Димовски: Што ќе стави Џафери на гласање кога Комисијата нема став за имунитетот на Вељаноски

Од:

Досега секогаш Комисијата за мандатно-имунитетни прашања и останатите комисии донесувале одлуки кои биле доставени до Собранието. Овој пат се вели дека Комисијата не зазема став по барањето за одземање на имунитетот на Вељаноски. Што ќе стави сега Џафери на гласање. Оваа седница е неразумна и неприфатлива. Кога нема предлог заклучок или одлука од Комисијата нема точка на дневен ред. Ова Собрание дејствува и работи по точки од работни тела, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

Тој истакна дека доколку Џафери се држи до воспоставената пракса, ситуацијата би била крајно иронична.

-Доколку Џафери се држи до деловникот и до воспоставената правна пракса треба да ја донесе ситуацијата до иронија и да каже „го ставам на гласање фактот дека комисијата не зазема став по барање за одобрување притвор”. Ако се гласа „за“ не знам што значи, исто не би знаел што ќе значи и гласот „против“, вели Димовски.

Тој додава дека со оваа одлука да биде свикана седница по ова прашање се отвара нова пракса во Собранието што во иднина ќе биде злоупотребувана.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба