Димовски: Бесими во Слупчане направи будалаштина

Од:

Ова е чисто пазарна коалиција која си работи за своите интереси. Во многу наврати имам кажано дека ние немаме една влада, ние имаме две влади и токму заради тоа секој си ја води својата партиска политика и токму заради тоа доаѓа до вакви недоразбирања. Кога навистина би имале мултиетничка коалиција во владата не би доаѓало до вакви недоразбирања“, вели Владо Димовски, генерален секретар на Центарот за меѓуетничка толеранција во интервју за Радио Слободна Европа.

Според него меѓуетничките односи се сосема добри во моментов, за разлика од претходните години кога истражувањата покажувале над 80 проценти лоши меѓуетнички односи.

„Мене ми е многу жал што во Република Македонија меѓуетничките односи станаа предмет за поткусурување на меѓуетничките пазари. Кревки меѓуетнички односи како што ние имаме, добри, но кревки, многу брзо можат да се разгорат и да дојде до несакани последици. Токму заради тоа, јас би им порачал на владините партнери нека не си играат со меѓуетничките односи и нека не се обидуваат повеќе да ќарат било какви политички поени на меѓуетничките односи. Видовме што се случи кога пробаа да добијат некои такви политички поени со Калето, со Нерези.

Според Димовски министерот за одбрана Фатмир Бесими во Слупчане направил будалаштина.

„Мене ако лично ме прашате она што го направи Фатмир Бесими во Слупчане беше будалаштина. Но, тоа го кажувам од гледна точка како граѓанин, а ако земете предвид дека нешто се ниша во владината коалиција тогаш беше сосема во право. Кога никој никого за ништо не прашува, па зошто Фатмир Бесими би го прашал Груевски да направи таква свеченост во Слупчане. Кога вие на секоја улица на секоја чешма, имате по еден камен темелник и крст ставате за да ќарите политички поени, зошто Бесими би прашал за Слупчане? Сметам дека не се договориле околу сите тие работи или пак се уште има стари рани кои си ги префрлаат еден на друг. Едните прават камен-темелници на објекти кои ќе им служат и на муслиманите и на христијаните, а ставаат крстови на камен темелниците. Тоа во неколку наврати беше потенцирано токму во делот на меѓуетничките односи и кај Албанците, но и кај другите граѓани од муслиманска вероисповед што живеат во Македонија, дека тие објекти на кои се ставаат камен темелници со крстови ги користат и муслиманите“, рече Димовски во интервју за Радио Слободна Европа.

Би можело да ве интересира

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период

Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата

Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“

Објавен jавен оглас за прием на 300 нови професионални војници во Армијата

Нови 150 професионални војници во редовите Армијата добија договори