(ВИДЕО) Димовски: Немаме услови да ги следиме предметите, има премногу закажани рочишта

Од:

Кривичниот суд и обвинетите во предметите на Специјалното јавно обвинителство и понатаму во расправа поради големиот број рочишта и термините за закажување на судењата.

Откако по којзнае кој пат се одложи стартот за судскиот предмет „Талир“ кој се однесува на незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ судијата Осман Шабани наредното рочиште го закажа за почетокот на септември.

На ова приговор имапе пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски кој рече дека во септември имаат премногу закажани рочишта по другите предмети. Димовски побара наредното рочиште да биде закажано за октомври, но Судечкиот совет не го прифати неговото барање.

– Судија мора да имаме и ние услови да ги следиме предметите. Во септември имаме многу закажани рочишта за „Титаник“, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.

Судијата Осман Шабани му се обрати на Димовски велејќи дека предметот „Титаник“ е важен, но и дека предметот „Талир“ треба да се води.

Првото рочиште за случајот „Талир“ се одржа на 18 февруари, но од тогаш судењата за овој предмет беа одложувани дури осум пати поради различни причини како отсуство или болест на обвинетите.

Во предметот „Талир“ обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“. Обвинети се и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перње пари“.

За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

„Титаник“ продолжи со изведување докази

Ана Ололовска

Судот го казни вештакот на СЈО со 1500 евра

Васко Маглешов

Лиле Стефанова останува надлежна за „Империја“

Ана Ололовска

Повторно одложено судењето за обвинението за перење пари преку сметката на ВМРО-ДПМНЕ

Васко Маглешов

Продолжува судењето за „Талир“ за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска

Заев: Тврдењето за модифицирање на „бомбите“ е поврзано со разочараноста од СЈО поради „Рекет“ и истекувањето на материјалите

Ана Ололовска