(ВИДЕО) Димовски: На Законот за јазици е ставено европско знаменце за да се ограничи дискусијата

Од:

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, на прес конференција во Собранието изјави дека за Законот за јазиците не биле спроведени консултации со стручната јавност, ниту со здруженијата на помалите етнички заедници. Тој вели дека на законот е ставено европско знаме, со цел да се ограничи дискусијата.

„Целта ни е законот да се закочи во одредена фаза, за да се вклучат сите фактори во донесувањето. Се плашиме дека законот ќе генерира кризи во иднина. СДСМ и ДУИ имаат простор да си ги проверат и преиспитаат решенијата за законот, а тоа може да го направат со партиите, експертите, факултетите“, рече Димовски.

Додаде дека присуството на опозицијата во Собранието е поврзано само со Законот за јазиците.

Г.Н.Р.

Би можело да ве интересира

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител