Димовски и Милошоски не добиле покана за седницата на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Дел од партиските функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои јавно го критикуваа процесот за избор на нов партиски лидер, не се повикани на седницата на Централниот комитет на партијата.

Илија Димовски, тие воопшто не добиле покана за вечерашната седница на ЦК, на која треба да се избере нов Извршен комитет, објави „Макфакс“.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во неколку наврати порача дека неговото мото е обединување и дека вратата останува отворена за секој добронамерен граѓанин и сопартиец, како и дека има одлична комуникација со некои од потписниците на отвореното писмо.

Пред одржувањето на Конгресот за избор на нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, Антонио Милошоски, Трајко Вељаноски и триесетина други поранешни и актуелни партиски функционери се потпишаа на отвореното писмо со кое обвинија за недемократска и нетранспарентна атмосфера за избор на нов лидер, со фаворизирање на само еден кандидат и побараа одлагање на Конгресот за февруари, но иницијативата беше одбиена.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност