Димовски го обвинува Митревски за штетни договори за ССМ

Од:

Претседателството на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска на седница разгледувало документација и активности од работењето на ССМ во време на поранешниот претседател Живко Митревски, кои, како што рече, в.д претседателот Дарко Димовски, кој завчера ја презеде функцијата, покажуваат какви штети се нанесени на Сојузот во изминатите седум години.

Димовски најави дека ќе поднесе кривични пријава против Митровски за „злоупотреба на службена положба и овластувања“ и за „фалсификување документи“, на што ќе претходи вештачење и ревизија на финансиското работење.

– Еден од од најсканадалозните е договорот на Митревски со кој тврди дека на 25.06 2015 година на првата седница на Претседателство се носи одлука за животно осигурување, право за користење надомест за стан, иако има стан во Скопје, надомест за трошоци за стан (струја, вода, комуналии, топлификација и сите други давачки). Висината на надоместот за стан се одредува со посебна одлука на Претседателството што никогаш не е донесена, во износ од 250 до 300 евра, рече на прес-конференција Димовски.

Со одлуката, како што додаде, меѓу останатото, е предвидено право на користење службени возила со или без возач, на професионално стручно усовршување, како и користење мобилни телефони на товар на работодавачот.

На седницата на Претседателството е констатирано дека финансиската состојба на ССМ моментно може да ги задоволи тековните трошоци и е донесена и одлука за исплата на регрес за годишен одмор на вработените во ССМ, во висина од 60 проценти од просечната плата во изминатите три месеци. Одлуката е согласно Колективниот договор на синдикалната организиација во која членуваат вработените во ССМ.

Димовски рече дека ќе бараат исплата на регрес и во јавниот сектор, како и враќање на неговата задолжителна исплата во приватниот сектор во износ од 40 проценти. – Регресот е пропишан во Законот за работни односи и тој ќе се исплати. Тоа што го изгубивме во приватниот сектор, односно што беше задолжителен К-15 од 40 проценти, а сега е од нула до 40, ќе го вратиме. На таа седница Живко Митревски немаше кворум, ја донесе самоволно и ја подметна на тогашниот министер Диме Спасов и кажа дека има кворум со фалсификат документи. Ќе бараме К-15 и во јавниот сектор, наведе Димовски.

Би можело да ве интересира

Трендафилов: Повеќе од три години откако Дарко Димовски не е повеќе меѓу нас, водат постапки обидувајќи се да докажат дека тој не е претседател на ССМ

Живко Митрески: Граѓанскиот суд донесе пресуда со која потврди дека во 2017 година нелегитимно сум сменет, сите одлуки на ССМ оттогаш се ништовни

Минималната потрошувачка кошница се приближува до 70 илјади денари

Триангл: Да се почитуваат договорите за зголемување на платата и колективните договори, а законите да се спроведуваат

Трендафилов: Време е работниците да излезат на улица, колку ќе не слушнат зависи од бројноста

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради протестот на Синдикатите