Димовски: Фер и демократски избори може да има и ќе има

Од:

Слободни, фер и демократски избори може да има и ќе има. Граѓаните на Република Македонија го заслужуваат тоа и СДСМ не смее повеќе да бега од одговорноста, рече на денешната прес-конференција членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

СДСМ, како што додаде, мора максимално да придонесе за тоа. – СДСМ ја има контролата и врз Министерството за внатрешни работи и доминантно врз Државната изборна комисија, двете најодговорни институции за спроведување на изборниот процес, рече Димовски.

Посочи дека не станува збор за никаква еднострана одлука за распуштање на Собранието бидејќи, како што рече, договорот од јуни и јули, на кој е потпишан лично Заев, предвидува избори на 24 април 2016 година. – Дополнително, Собранието, со гласовите на сите партии, вклучително и на СДСМ, го донесе Изборниот закон, во кој е дефиниран изборниот датум токму за 24 април 2016 година, истакна Димовски.

Три од четирите големи партии, како што посочи, се за избори на 24 април 2016 година, а всушност еднострана е само одлуката на СДСМ против овие избори, за кои претходно дадоа јасна согласност.

– Да биде јасно за граѓаните, Државната изборна комисија веќе има утврдена методологија за прочистување на Избирачкиот список. За таа методологија гласале сите членови на ДИК, вклучително и членовите кои во ДИК се избрани по предлог на СДСМ. Трите партии, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА веќе одамна ја прифатија оваа методологија. Ако СДСМ денес ја прифати методологијата ДИК ќе може уште веднаш да започне со прочистување на избирачкиот список. Секое одложување и пазарење е свесно правење на проблеми со цел политичката криза да се оддолжи и да ескалира. Тоа е стратегијата на СДСМ. Стратегија која е спротивна на интересите на граѓаните на Република Македонија, рече тој.

ВМРО-ДПМНЕ верува во исправноста и точноста на Избирачкиот список и сме сигурни, како што рече Димовски, дека не постојат никакви фантомски гласачи. – Ако Заев мисли дека има фантомски гласачи, сега има контрола и над ДИК и над МВР па слободно нека истражува и нека прочистува. Ден поскоро. Нека ја прифати методологијата која ја изработи овој ДИК и нека започне прочистувањето уште денес, додаде тој.
Од ВМРО-ДПМНЕ го повикуваат Зоран Заев да престане да прави, како што вели Димовски, политички театар. – Секој нов проблем што тој и неговите соработници ќе го создадат, ќе бидат строго казнети од граѓаните на оваа држава, рече Димовски на денешната прес-конференција.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања