Димовски: Фабриката за шински возила од Велес ќе се припои кон МЖ – Транспорт

Од:

Фабриката за шински возила од Велес ќе се припои кон МЖ – Транспорт со што ќе се надминат неколкудецениските проблеми, рече попладнево на 99. собраниска седница пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

Реплицирајќи му на Марјанчо Николов од СДСМ кој предочи дека вработените од Фабриката и денеска штрајкуваат, барајќи си ги заостанатите 2,5 плати, но и натамошна редовна исплата на примањата, Димовски потенцира дека одлуката за припојување на Фабриката кон МЖ – Транспорт е веќе усвоена на владина седница, а ќе се реализира преку законски измени на следната собраниска седница, в понеделник, на 4 април.

– На следната собраниска седница, во понеделник, ќе има измени на закон со кои ќе се овозможи овие луѓе да добијат работа и сукцесивно, за краток временски период Фабриката за шински возила да се припои кон МЖ – Транспорт со што конечно, ќе се надминат неколкудецениските проблеми. Изработен е акциски план, се прави проценка и ревизија на вредноста на имотот, напомена Димовски.

Собранието во рамки на седницата ги донесе измените на Законот за заштита на природата, на Законот за управување со отпадот и на Законот за сигурност во железничкиот систем, сите по скратена постапка, но не ги усвои измените на Законот за организација и работа на органите на државната управа, по скратена постапка, за кои беше потребно двотретинско мнозинство.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски