Димовски: До вчера СДСМ критикуваше дека ЈО не презема активности за прислушувањето

Од:

Ако до вчера имаше критика дека Јавното обвинителство досега не преземало никакви активности, денеска има критика зошто Обвинителството преземало активности поврзани со овие случаи, изјави денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски запрашан да ја коментира прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.

Вчера Јавното обвинителство лиферуваше соопштение со предметите по кои постапува, а кои се поврзани со прислушуваните телефонски разговори. Димовски посочи дека СДСМ ги менува ставовите на дневна основа.

– Јавното обвинителство како посебен единствен и независен орган и сите други институции и судската власт и Парламентот и Владата единствено се надлежни да постапуваат согласно законите во Република Македонија, рече Димовски.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус