Димков: Постапката за разрешување на Зврлевски е целосно незаконска

Од:

Трајче Димков од ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа прес-конференција на која што рече дека СДСМ станале синоним за хаос, непочитување на законот и дрскост.

– Постапката за разрешување на Јавниот обвинител Марко Зврлевски која вчера ја истуркаа пратениците на СДС и Талат Џафери во Собранието на Република Македонија е целосно незаконска. Тоа го потврди и антикорупциската комисија. Постои законска пречка да се разрешуваат и именуваат носители на јавни функции откако се распишани изборите. СДС не го интересира законот. На Зоран Заев му се брза. Целата јавност виде како бара поткуп од 100.000 евра за Вицето. Затоа СДС мора час поскоро да ја отпочне процедурата за избор на нов јавен обвинител. Човек кој ќе биде послушник на Заев. Човек кој ќе се обиде и по трет пат да го спаси и аболицира, како што беше сторено и за случаите „Глобал“ и „Пуч“, рече Димков.

Како што рече тој, на СДСМ и на Заев не им одговарал јавен обвинител кој отворил случаи за поткуп за избирачи во Струмица и во Куманово и според Димков на Заев му требал јавен обвинител кој ќе ги затвори овие предмети и ќе го исперел СДСМ, јавен обвинител кој ќе функционирал под негова команда и ќе испрател порака дека криминалот на СДСМ е неказнив.

– Мислењето на Антикорупциска комисија во кое се вели дека не може во период на кампања да се разрешува или именува јавен обвинител е доказ за аргументираната и принципиелна расправа на ВМРО-ДПМНЕ и пратениците од коалицијата „За подобра Македонија“. Талат Џафери и СДС го кршат Уставот и законите. Ова преставува институционално насилие. Џафери и СДС свесно го игнорираат законот и Уставот. Затоа Џафери и СДС имаат потреба да ги охрабрат оние што го прават ова дека имунитет ги штити пратениците од кривично гонење, рече Димков.

Тој додаде дека имунитетот може да ги штити пратениците од кривичен прогон, но не ги штити од казната на граѓаните која ќе ги следеле.

– Најмеродавниот суд е судот на народот. Токму народот ќе им пресуди со својот глас за хаосот и беззаконието кои ги креираат и за уништувањето на државните институции кое секојдневно го гледаме. СДС ја турка Република Македонија во неизвесност и ја приближува кон работ на провалијата. Граѓаните ќе ја донесат пресудата на 15-ти октомври, рече Димков.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Изборниот крах на СДС е политичка казна за елитизмот и одлепеноста од народот

Муцунски: Очекуваме голема победа, поголема од таа на локалните избори во 2021 година

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ го прикрива срамот од Кичево, Фатмир Дехари кој прави брутална злоупотреба на моќта, понижување и сексуална злоупотреба на жените

Митески: Лисиче ќе добие топлификација ветување што станува реалност благодарение на поддршката на претседателот Мицкоски

Трајановски : Монтажни катни гаражи, уредени паркови и градинки со зголемен капацитет се проектите за реален напредок на Чаир

Бошковски: Сарај може и сака промени за да изградиме улици, спортска сала, детски игралишта, инфраструктура и вистински развој