Димитров: Згрозен сум од вовлекувањето на моето семејство со очигледни политички мотиви во време на историска одлука

Од:

Шефот на дипломатијата, Никола Димитров, на неговата страница на „Фејбук“ објави дека е згрозен од, како што напиша, вовлекувањето на неговото семејство со очигледни политички мотиви во време на историска одлука во врска со веста за доделувањето стипендија на неговата ќерка.

„Пред сè, сакам јавно да ѝ се извинам на ќерка ми, за грозните пораки што ги добила и за јавното изложување што го предизвикала единствено затоа што е одговорна и способна. Затоа што успеа да се запише на еден од најдобрите универзитети во светот. Гордост моја! Ударите за мојот политички ангажман упатете ги кон мене“, напиша Димитров.

Министерот за надворешни работи напиша дека стипендија добиле сите студенти кои се запишале на еден од првите 100 универзитети рангирани на Шангајската листа и во област наведена во повикот, без селекција и исклучок.

„Програмата е воведена од претходната влада. Во 2017, немало ниту доволно кандидати. Со други зборови, никој не одлучувал дали ќерка ми или некој друг кандидат ќе добие стипендија. Сите кои ги исполниле условите добиле стипендија. Јавно повикувам да се објават имињата на сите студенти кои добиле ваква стипендија во изминатите години, од воведувањето на програмата. Згрозен сум од вовлекувањето на моето семејство со очигледни политички мотиви во време кога не’ чека историска одлука“, напиша Димитров.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

МНР: Бугарското МНР наместо партнер, сѐ почесто настапува како рецензент на македонските политичари

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

МНР: Неаргументирани коментари не се европски, потребна е почит кон Македонија

Горан Наумовски

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски