Димитров во Холандија: Не сакаме да станеме членка на ЕУ само заради членството

Од:

На првиот ден од работната посета на Кралството Холандија, министерот за надворешни работи Никола Димитров оствари средба со Генералниот директор на Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW), Ахмет Узумџу. Министерот Димитров на претпладневната средба изрази целосна поддршка за работата на Oрганизацијата – добитник на Нобелова награда за мир во 2013 год. „

Го поздравувам вашето лидерство – се’ поважно во овие неизвесни времиња кога рамката на мултилатерализмот е разнишана“- истакна министерот. На средбата беше разговарано за важните напори кои Организацијата ги презема во насока на имплементација на Конвенцијата за хемиско оружје. Димитров ја истакна посветеноста на Република Македонија во овој процес изразена и преку нашата актуелна координација на Источноевропската регионална група во Организацијата.

Тој имаше и обраќање на реномираниот Холандски институт за меѓународни односи – Клингендал. „Актуелниот напредок на реформите во Република Македонија може да има само позитивна корист од примената на Холандската формула заснована на строгост и фер пристап- јасно идентификување на знаци на уназадување и недоволен напредок, но истовремено и вреднување на постигнатото. Искуството со кризата донесе зрелост во нашиот пристап. Не сакаме да станеме ЕУ земја членка само заради членството. Потребен ни е процесот на пристапување, кој што во основа претставува алатка за трансформирање на нашата држава во Европска демократија“.

Работната посета на Димитров во Кралството Холандија продолжува утре со средби со министерот за надворешни работи на Холандија, Стеф Блок, обраќање пред членовите на Комисијата за европски прашања во Парламентот на Холандија, како и средби во Министерството за одбрана и холандското МНР.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија