Димитров во францускиот Сенат: Потврдена поддршката од Франција за нашата европска иднина

Од:

Клучните приоритети од ЕУ агендата за периодот што следи, предизвиците на евроинтегративниот пат, регионалните здравствени и политички случувања, заедничкиот геостратешки интерес за приближување на регионот кон ЕУ, беа темите на кои денеска во Париз заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров разговараше на сесијата во проширен состав во францускиот Сенат, со која што претседаваше Жан-Франсуа Рапен, претседател на Комисијата за европски прашања.

-Поддршката и пријателството од еден од моторите на Унијата, токму во овој одлучувачки период за нашата европска иднина е потврдена. Северна Македонија ѝ припаѓа на Европа не само географски, ние сме дел и од планот за нејзината подобра иднина, и.стакна Димитров, сопшти СЕП.

Зборувајќи за актуелните случувања во нашиот регион и пошироко, вицепремиерот Димитров и француските сенатори констатираа дека Северна Македонија претставува една од најдобрите шанси за пробив во регионот, пример кој ќе покаже дека преговарачкиот процес може да успее.

-На Франција и на ЕУ ѝ се потребни партнери кои се залагаат за стабилност, добрососедски односи и регионална соработка. Позитивната траекторија на Северна Македонија не само што може да претставува поттик за останатите, туку и своевиден гарант на стабилност, порача Димитров.

На сесијата во францускиот Сенат учествуваа претседателката на групата за пријателство Франција – Западен Балкан, Марта де Сидрак и претседателот на групата за пријателство Франција – Северна Македонија, Арно Базен, наведуваат од СЕП.

Би можело да ве интересира

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати

Лавров: ЕУ се претвора во милитаристички блок насочен против Русија и Белорусија