А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Димитров во Брисел во последен обид да издејствува датум за преговори

by А1он14/10/2019 - 08:3214/10/2019 - 10:36611
Share0

Министерот за надворешни работи Никола Димитров попладне ќе се обрати пред комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што соопштуваат од неговиот кабинет, министерот ќе му се заблагодари на Парламентот за неговата постојана поддршка за европската перспектива на земјата и ќе ги претстави постигнувањата на Северна Македонија, ден пред клучниот министерски состанок во Луксембург на кој ќе се разговара за давање зелено светло за почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија.

Амбасадорски состанок ќе се одржи вечер во Луксембург во последен обид да се усогласат ставовите на земјите членки пред министерскиот, но засега ситуацијата не е поволна за ниедна од двете земји.

Франција и натаму се противи на отворањето преговори сѐ додека нема конкретен напредок во борбата против корупцијата, судските реформи и додека нема транспарентни и објективни пресуди. Истовремено, Париз смета и дека не може да се отворат преговорите сѐ додека не се реформира методологијата на преговарачкиот процес со земјите кандидати.

Следете a1on на Youtube YouTube

Од Холандија најавуваат дека ќе се солидаризираат со Франција доколку не се одвојат Тирана и Скопје. На одвојувањето, пак, се противат и поддржувачите на проширувањето, но и самата Франција.

Министерот Димитров за време на посетата ќе има и поединечни средби со пратениците од Европскиот Парламент.

– Во оваа клучна недела во која се очекува Советот да ја донесе одлуката за почеток на пристапните преговори, министерот ќе се сретне и со дел од министрите кои ќе учествуваат на Советот за општи работи на 15 октомври 2019 година, велат од неговиот кабинет.

eumnr

Би можело да ве интересира

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Горан Наумовски21/08/2026 - 13:45

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Горан Наумовски19/08/2026 - 14:22

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Горан Наумовски19/08/2026 - 12:21

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он17/08/2026 - 17:22

Брисел подготвува нови правила за проширување на ЕУ

Горан Наумовски12/08/2026 - 16:36

ДУИ: ВЛЕН врши политички притисок врз обвинителството

Горан Наумовски08/08/2026 - 17:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео