А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Димитров во Брисел на средба со сојузниците од НАТО

by А1он20/11/2019 - 08:14197
Share0

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Брисел ќе учествува на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Алијансата кој претставува последна подготовка за лидерската средба на Североатланскиот пакт што ќе се одржи во Лондон на 3 и 4 декември.

Добивај вести на вибер

Димитров учествува на состанокот на покана на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Државава моментно има статус на „поканета” земја за членство во НАТО активно ќе учествува во разговорите на сојузниците од Алијансата за комплексните стратешки прашања.

Според најавите, Димитров ќе ја реафирмира нашата посветеност и поддршка на клучните политики на НАТО, како идна земја членка, по прашањата од исклучително значење за Алијансата: праведната распределба на финансискиот товар, борбата против тероризмот, адаптирањето на НАТО политиките и стратегиите кон променливата безбедносна околина, контрибуцијата во меѓународните операции, справувањето со неконвенционалните безбедносни закани и други прашања од заеднички интерес.

Заменик помошникот на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, Џејмс Апатурај вчера порача дека НАТО ги почитува роковите и оти очекува земјава да стане полноправна членка на Алијансата на „почетокот на пролетта“.

-Зачленувањето на Северна Македонија во НАТО не е доведено во прашање, само се чека завршување на процедурата на ратификација на протоколот за членство во сите земји членки на Алијансата, рече Апатурај во интервју за РСЕ , наведувајќи дека единствена отежнувачка околност е застојот во Шпанија околу формирањето влада.

Според Апатурај, на Самитот на НАТО што ќе се одржи на почетокот на декември во Лондон, „на сите ќе им биде јасно дека Северна Македонија е на прагот и оти наскоро ќе и се придружи“ на Алијансата.

Националното Собрание на Франција в четврток треба да расправа за Предлог-законот за ратификација на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Долниот дом на францускиот Парламент се очекува по расправата да го ратификува Протоколот, откако претходно на 17 октомври тоа го стори Сенатот.

По француската ратификација ќе отане уште тоа да го стори Парламентот на Шпанија, кој се уште не е конституиран, со оглед на тоа што таму на 10 ноември се одржаа избори.

Придобивките од официјалното зачленување во НАТО ги истакнува и Соломон Паси, почесен претседател на Атлантскиот клуб на Бугарија, кој порачува дека кога земјава ќе биде и физички во НАТО, членството во ЕУ ќе биде многу полесна задача.

– Ќе седите на иста маса со истите луѓе, зборувате со нив за истите проблеми, не ве третираат како аспирант како некој што чука на вратата, туку ве третираат како еднаков член. Политиката е трговија со услуги. Штом сте во НАТО вие ќе почнете да тргувате со овие услуги, ќе станете дел од семејството, истакна Паси, при учеството на конференција за младите во организација на Евроатлантскиот совет.

mnrnato

Би можело да ве интересира

САД се повлекува, Европа го презема кормилото на НАТО

Горан Наумовски17/02/2026 - 21:04

Марк Руте: Мораме да им обезбедиме на Украинците сè за да ја продолжат борбата

А1он14/02/2026 - 16:1514/02/2026 - 15:38

Руте ѝ се заканува на Москва: Нападот врз Сувалкискиот коридор ќе предизвика остар одговор на НАТО

Горан Наумовски12/02/2026 - 07:39

Медведев: Распадот на НАТО би бил корисен за целата планета

Горан Наумовски02/02/2026 - 14:10

Маслеников: НАТО се подготвува за можен конфликт

Горан Наумовски30/01/2026 - 14:39

МНР: Бугарското МНР наместо партнер, сѐ почесто настапува како рецензент на македонските политичари

Горан Наумовски27/01/2026 - 20:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен