Димитров во Берлин на средба со советникот за надворешна политика на претседателот Штајнмаер, Багер

Од:

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров денес во Берлин ја започна дводневната работна посета на Германија со средбата со Томас Багер, советник за надворешна политика на претседателот Франк Штајнмаер.
Вицепремиерот Димитров, како што соопшти СЕП, информираше за приоритетите на новата Влада чиј фокус е ставен на реформите од европската агенда, нагласувајќи ја посветеноста кон квалитативна трансформација на општеството согласно стандардите и вредностите на ЕУ.

-Нашата примарна цел преку спроведување на реформите е да изградиме модерна европска демократија, која што ќе гарантира силни институции и економски напредок во интерес на македонските граѓани, рече Димитров.

Соговорниците се согласија дека усвојувањето на Преговарачката рамка и одржувањето на првата меѓувладина конференција токму за време на германското претседателство со ЕУ е заеднички интерес, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: ЕУ наскоро ќе претстави голем инвестициски пакет за Гренланд

Горан Наумовски

Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа

ЕУ го презема првиот чекор против САД: Клучниот договор со Америка е суспендиран

„Фајненшл тајмс“: ЕУ подготвува одмазда против САД

Европските „осум“ моќни држави ѝ порачаа на Америка: Вашите закани би можеле да доведат до опасна ескалација

ЕУ подготвува санкции против САД поради Гренланд