Димитров во Берлин на средба со Мас

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров денеска и утре ќе престојува во работна посета на Сојузна Република Германија.

Димитров во Берли ќе има средба со неговиот домаќин, министерот за надворешни работи на СР Германија, Хајко Мас, кој ја презеде должноста во март годинава.

За време на посетата, Димитров ќе се сретне и со Јан Хекер, советникот за надворешна политика на германската канцеларка Ангела Меркел, а ќе го посети и германскиот Бундестаг, при што ќе има обраќање пред членовите на Комисијата за европски прашања, соопшти македонското МНР.

Би можело да ве интересира

Мерц: Долготрајната војна не е во интерес на Германија

Британија, Франција и Германија: Може да преземеме неопходни одбранбени мерки против Иран

Нова главоболка за Мерц: Зелените бараат итна истрага за „германска поврзаност“ во аферата Епштајн

Кина ги престигна САД

Лидерката на германската десница: Мирот во Европа е можен само со Русија, Британците се виновни за крвопролевањето

Мерц: Нема да дозволиме AfD да ни ја уништи земјата