Димитров учествува на Бледскиот стратешки форум, договорил посета на Романија

Од:

Исполнета и продуктивна e денешната агенда на МНР Димитров на традиционалниот Бледски стратешки форум под наслов „Нова реалност“ кој денес и утре се одржува во Блед, Словенија. Се остваруваат конструктивни разговори на маргините, со цел унапредување на старите пријателства и создавање на нови партнерства и перспективи.

Во директен и конкретен разговор со Виолета Булц, еврокомесар за мобилност и транспорт, стана збор за потребата од поврзување и за значењето да се реализира одобрениот проект од договорот за заеднички транспорт, потпишан на самитот во Трст.

Со МНР на Романија Теодор Малескану, беше договорено да се направи квалитативен исчекор во билатералната соработка. МНР Димитров ја прифати поканата и наскоро ќе оствари официјална посета на Букурешт.

Министерот Димитров имаше и неколку интервјуа за реномирани медиумски куќи, како БиБиСи, Словенската Новинска Агенција и Дер Стандард од Австрија.

Би можело да ве интересира

Јанша постави услов за Србија: Нема напредок кон ЕУ без предавање на архивите на УДБА и ЈНА

А1он

(ВИДЕО) Брод е погоден од дронови на 25 километри од романскиот брег – има загинати и исчезнати

(ВИДЕО) На ТикТок се закани, па со нож повреди наставник и ученик

А1он

Во Словенија откриена нелегална фабрика за цигари – запленета стока вредна 30 милиони евра

А1он

МНР реагира за Михаилова: Владеењето на правото не смее да биде селективно

Горан Наумовски

Јанша: „Нашето општество сè уште е подложно на пропаганда“