Димитров се сретна со резидентниот координатор на ОН, Росана Дудзиак

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска се сретна со новоименуваниот резидентен координатор на ОН во Република Северна Македонија, Росана Дудзиак.

Изразувајќи задоволство и благодарност за ангажманот на Канцеларијата на резидентниот координатор на ОН, министерот Димитров, информираат од МНР, како особено важна ја апострофираше соработката во областа на продуктивното вработување, намалувањето на невработеноста и сиромаштијата, инклузијата на социјално ранливи групи, родовата еднаквост, јакнењето на институциите, животната средина и климатските промени.

Тема на разговор беа и унапредувањето на целокупната соработка со канцеларијата на Резидентниот координатор на ОН во Скопје, како и имплементацијата на постоечките проекти во Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Oсудa за опожарувањето на возилата во сопственост на Амбасадата на Бугарија

МНР на бугарскиот амбасадор Радуков му упати усен демарш поради употреба на терминот „северно-македонски“

Горан Наумовски

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток