Димитров: Решени сме да бидеме победници останувајќи посветени на европските реформи

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на вториот ден од работната посета на Брисел, оствари повеќе средби во Европскиот Парламент со: Дачијан Чолос, претседател на групата Обнова на Европа, со Андреас Шидер, копретседавач со Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-МК, Илхан Кјучук, известител за Северна Македонија во Европскиот Парламент, како и со групата европратеници Пријатели на Северна Македонија во ЕП.

Како што соопшти МНР, на брифингот со неформалната парламентарна група Пријатели на Северна Македонија, чиј иницијатор е словенечката европратеничка Ирена Јовева, министерот Димитров изрази благодарност за континуираната поддршка од страна на ЕП за евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија, со очекување дека таа ќе биде зајакната со новиот состав на ЕП. Во оваа прилика, се додава, тој ги информираше соговорниците за последните реформски активности и конкретните резултати, а се осврна и на регионални прашања и нашите напори за унапредување на добрососедските односи. Министерот Димитров изрази почитување за реакцијата на поддршка на ЕП преку донесената резолуција со која се повикува ЕУ да донесе одлука за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, веднаш по октомврискиот самит на ЕУ.

-Државите, како и луѓето, имаат потреба од пријатели. Со пријателите патот е помалку стрмен! Решени сме да бидеме победници останувајќи посветени и напорно да работиме на европските реформи, рече Димитров.

Европратениците од своја страна, се наведува, позитивно ги оценија реформските постигнувања и дадоа силна поддршка за исполнување на европската стратешка цел на Северна Македонија, што поскоро.

Министерот Димитров денеска се сретна и со Бјорн Сиберт, шеф на кабинет на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на која од двете страни беше искажана цврста заложба за зајакнување и валидирање на европската позиција на Северна Македонија.

-Доколку новите ЕУ институции имаат похрабри стратешки цели и поширок геополитички видик, нашиот пример е одлична можност да се докаже дека пристапниот процес е вистинска алатка за европска трансформација на државите во регионот, истакна Димитров на средбата, стои во соопштението од МНР.

Би можело да ве интересира

Индипендент: ЕУ се закани на Британија со санкции ако Лондон не почне со царински проверки во Ирско море

Ана Ололовска

ЕУ до Башар Ал Асад: Неприфатливо е таргетирањето цивили

Ана Ололовска

Хрватска сака да го вклучи западниот Балкан во министерските состаноци за енергија

Ана Ололовска

ЕСИ: Ако не се промени метологијата ниту една земја од Западен Балкан нема да влезе во ЕУ пред 2030

Ана Ололовска

ЕУ бара итни реформи од новата либанска Влада

Османи: Франција има поомекнат став за почеток на преговори, се очекува да го усвоиме законот за ЈО

А1он