Димитров разговарал со Ивица Дачиќ околу олеснувањето на рестриктивните мерки меѓу двете земји

Од:

Министрите за надворешни работи на Србија и Северна Македонија, Ивица Дачиќ и Никола Дитров, денеска имале телефонски разговор за натамошното олеснување на рестриктивните мерки меѓу двете земји, како резултат на подобрената епидемиолошка состојба, соопштија од српското Министерство за надворешни работи.

Шефовите на дипломатиите на двете земји разменија искуства за мерките преземени во борбата против Ковид-19, информации за моменталната епидемиолошка состојба во Србија и Северна Македонија, како и планови за натамошното ублажување на рестриктивните мерки воведени во претходните месеци.

Меѓусебно било оценето дека епидемијата е под контрола и дека затоа е настапено постепено опуштање, односно укинување на голем број мерки кои се во сила од месец март.

-Министерот Дачиќ го известил својата колега дека веќе не е потребна посебна согласност за влез на странски државјани во Република Србија и оти преминувањето на српската граница е вратено во вообичаен режим, се наведува во соопштението.

Двајцата министри со задоволство констатирале дека билатералните односи се добри и дека со ставање под контрола на епидемијата, создадени се услови за продолжување на интензивната соработка и продлабочување на односите меѓу двете пријателски земји. Во таа смисла, министерот Дачиќ го поканил министерот Димитров да ја посети Србија во наредниот период, што тој со задоволство го прифати, соопштија од српското МНР.

Би можело да ве интересира

Дачиќ излезе од болница

А1он

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби