Димитров: Прашањето за статусот на СЈО да се затвори за 100-процентна шанса за датум во октомври

Од:

За да нема ниту една земја која ќе си дозволи да не биде дел од овој консензус за доделување на датумот за преговори многу е важно да се работи на правдата и да се обезбеди иднина на СЈО како тело со општ мандат да гони висока корупција, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров на заедничката прес-конференција во Скопје со шефот на дипломатијата на Република Турција, Мевлут Чавушоглу.

-Македонскиот случај годинава во контекст на ЕУ е многу убедлив и сме земја од каде доаѓа добрата приказна. Доколку ЕУ не го препознае и пресвртот дома со сите наши мани и грешки, а ЕУ тоа не го валоризира, препознавајќи го успехот и почнувајќи пристапни преговори со нас многу тешко ќе може да се зборува за европската перспектива не само за нас туку за целиот регион. За да го направиме ова уште поневозможно да нема ниту една земја која ќе си дозволи да не биде дел од овој консензус многу е важно да се работи на правдата без разлика од каде доаѓа огрешувањето кон законот. Многу е важно да се обезбеди телото кое што продуцираше резултати – СЈО, да се обезбеди дека таа експертиза и резултат ќе има иднина која нема да се однесува само на прислушуваните раговори туку ќе има општ мандат да се гони висока корупција. Тоа е пред се важно за нашето општетство, меѓутоа на неколку земји членки им е исклучително важно, рече Димитров на новинарско прашање.

Според него, за да не се пропушти можноста, независно од политичко-партиските разлики мора да наједме сила и начин ова прашање да се затвори за да имаме 100-процентна шанса за датум во октомври.

-Ова не е агенда на една партија, ова е агенда на целиот народ и на сите граѓани кои 86 отсто поддржуваат европска иднина на државата што е повеќе од сите партии заедно, вели Димитров.

Запрашан во врска со пораките на францускиот претседател Емануел Макрон упатени од тековната посета во Србија во однос на евроинтеграциите, Димитров кажа дека во неговите формулации видел дека била истакната потребата од ватрешна кохезија и реформи во ЕУ и дека може да се одвива паралелно со проширувањето.

-Мислам дека ова е важна и позитивна порака. Тоа не смее да не опушти, меѓутоа како да има едно отварање во таа смисла, а факт е дека двата процеса се многу важни. Наша е да работиме ова да го направиме многу убедливо за да успееме во октомври, вели Димитров.

Би можело да ве интересира

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати