Димитров: Посветена работа за Виница да стане современ град

Од:

Новата локална власт во Виница има планови и проекти за патишта, улици, канализации, водоводи, градинки, реновирани училишта и спортски терени. Целата постоечка инфраструктура во градот и селата ќе биде приспособена да биде во функција на потребите на граѓаните, најави кандидатот за градоначалник на Виница од СДСМ и коалицијата „Живот во Македонија“ Ивица Димитров.

Рече дека доколку ја добие довербата на виничани, ќе се гради модерен покриен градски пазар по европски терк, со обезбеден паркинг простор ќе го подобри пристапот на граѓаните до здрави и свежи продукти и ќе го поттикне локалниот економски развој.

Покрај изградбата на булевар на влезот на Виница од Горица до бензинската на Макпетрол, најави итно асфалтирање и на улиците 4-та Македонска бригада, Рајко Жинзифов, Видое Смилевски Бато, Македонска, Иво Лола Рибар, Кирил и Методиj, Јане Сандански, Гоце Делчев…

Во програмата има предвидено изградба на акумулација на река Сушица, значајна за наводнување на земјоделските површини, но и за спречување поплави, киако и регулација на Градечка река.

– Виница повеќе нема да биде симбол на град во кој се гради премалку и неплански. Наместо недоволното и неправилно реконструирање на речните корита, поплавените улици и небезбедниот сообраќај, ќе покажеме дека заедно можеме повеќе, поквалитетно и поубаво, рече Димитров.

Би можело да ве интересира

Гаши: Локалните избори ќе се распишат во првата половина од август

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје

Мицкоски: Резултатите на локалните избори ќе покажат чија политичка реторика е исправна

Гаши локалните избори ќе ги распише во првата половина од август

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

СДСМ во Струмица за градоначалник го предлага Марјан Даскаловски – Костадинов не е дел од трката за локалните

А1он