Димитров: Политичката елита во Скопје е во функција на тајните служби на Белград

Од:

Политичката елита во Скопје е во функција на тајните служби на Белград, тврди поранешниот бугарски министер, Божидар Димитров.

„Токму Белград им забрани, Македонија да стане членка во ЕУ пред Србија. Во прилог на тоа, јасно говорат и трите последни инциденти кои ги направи политичката елита во Скопје, која самата бара да заслужи вето и од Бугарија, покрај ветото кое ќе го добие од Грција, Кипар, Франција, а можеби и Шпанија“, рекол тој за бугарската агенција „Фокус“.

Димитров додава дека Македонија очекува за три дена Брисел да одлучи дали ќе добие одреден датум за почеток на преговори со Унијата. Во овој период, таа успеа да направи три провокации кон Бугарија, една од земјите кои треба да гласаат со „да“ или „не“ за нивното можно членство.

„Прво, направија скандал со народноста на Никола Јонков Вапцаров. Второ, објавија дека нивното МНР ќе одвои пари за проекти за зачувување на националниот идентитет на македонското малцинство во Бугарија. И трето, денеска дознаваме дека го слават Свети Климент, во присуство на високиот политички елити во Македонската академија на науките. Токму овој наш отец е светилник на цела Бугарија. Ако тоа не е провокација, не знам што друго би можело да биде“, вели Димитров.

Би можело да ве интересира

Бугарија оди на осми избори за пет години

Катерина Ѓуровски

МНР: Бугарското МНР наместо партнер, сѐ почесто настапува како рецензент на македонските политичари

Шок во Бугарија: Радев даде оставка

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

Колона возила кај граничниот премин Делчево поради електронска проверка на патници без ЕУ пасоши

Бугарија: Акцискиот план за заедниците во Македонија не треба да биде спор поради јазикот на документот