Димитров по веста дека поднел оставка: Не кревам раце додека не ја биде Македонија

Од:

Шефот на дипломатијата Никола Димитров по лажната вест дека поднел оставка од функцијата по вчерашниот референдум, на неговиот „Фејсбук“ профил објави дека почнале специјална војна против него.

– Не им доаѓа ум. Специјална војна почнаа. Значи, како што вели Виктор Иго, нема ништо посилно од една идеја на која и дошло времето. Ќе ни ја биде нашата Македонија! И не кревам раце додека не ни ја биде, пишува Димитров.

Претходно, веста за оставката преку соопштение ја демантираше Министерството за надворешни работи, најостро осудувајќи ги, како што наведува, малициозните обиди за ширење лажни вести.

– Министерот за надворешни работи на Република Македонија, како и досега, така и понатаму, ќе продолжи посветено да работи на европската и евроатлантската иднина на земјата, со цврста верба во решителноста и јасно изразената мнозинска волја на вчерашниот референдум. Во овие клучни времиња за Република Македонија, најмногу од се’ е потребна мудрост, разум и храброст за преземање одлучни чекори за конечно обезбедување иднина за нашите граѓани, стои во демантот од МНР во кој се бара и одговорност за овој како што го оценуваат „груб фалсификат“.

Би можело да ве интересира

Димитров: Лага е дека историските прашања не се во рамката, предлогот е апсолутно истиот

Ландов

Османи удри по Димитров: Ти прифати Илинденското востание да се преименува во Илинден-Преображение

Македонски дипломатски синдикат до Димитров: Пустошот што го остави тешко дека ќе можe да се поправи следните неколку години

Ана Ололовска

Милошоски: Неморално e Димитров сега да зборува за можен нов штетен договор со Бугарија

Ана Ололовска

Османи бара фер однос од Димитров: Да им ја обезбедиме европската иднина на граѓаните која предолго само им ја ветуваме

Ана Ололовска

Груби: Нема потреба од недоверба кон Османи и Владата, со Бугарија се преговара транспарентно

Ана Ололовска