Димитров-Пејчиновиќ Буриќ: Хрватска ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ и НАТО

Од:

Денеска на покана на министерот за надворешни работи Никола Димитров, во официјална посета на Република Македонија престојуваше потпретседателот на Владата и министер за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Марија Пејчиновиќ Буриќ.

За време на разговорите, Министерот Димитров се заблагодари на конзистентната поддршка која нашата држава ја добива од Република Хрватска за полноправно членство во ЕУ и НАТО. ЗПВРХ и МНЕР Буриќ ја реафирмираше силната поддршка на Република Хрватска и изрази надеж дека Република Македонија наскоро ќе ги отпочне пристапните преговори за членство во ЕУ и ќе стане полноправна членка на НАТО Алијансата.

Соговорниците се согласија дека одличната соработка во разни области меѓу двете пријателски држави ќе продолжи, а воедно ќе се работи и на унапредување на економската соработка, со можност за заеднички настап на македонските и хрватските компании на трети пазари. На средбите се разговараше и за процесот на пристапување на Република Македонија кон Јонско-Јадранската иницијатива.

На средбите, МНР Димитров изјави:

„Оваа посета доаѓа во време кое за нас е многу значајно и оттаму, исклучително сме благодарни на поддршката која ја добиваме од Хрватска. Ни требаат вашите совети и вашата мудрост.

„Од членството во евро-атланското семејство најголем бенефит ќе имаат граѓаните на Република Македонија, но и Регионот и Европа“

Ова беше прва официјална посета на Република Македонија од страна на хрватски министер за надворешни работи по подолг период, а се очекува и министерот Димитров да оствари возвратна официјална посета на Република Хрватска.

Би можело да ве интересира

Пијан возач премина во спротивната лента – загина жена

А1он

Маскирани хрватски полицајци претепале мигранти на границата со БиХ, пет лица со скршеници

Нови оставки во хрватската психијатриска болница по смртта на 32-годишниот пациент Кристијан Периш

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

(ВИДЕО) Детали за несреќата во Хрватска: покрај двете жртви има и шестмина тешко повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се преврте српски автобус во Хрватска, двајца загинати

Катерина Ѓуровски