Димитров од Белград: Регионалната соработка е апсолутно европска приказна

Од:

Регионалната соработка има исклучителна важност за остварување на заедничките стратешки определби на кои Владата е посветена без оглед на политичката ситуација, а потврда за тоа е и моето учество на овој состанок. Ова го изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, кој во име на Владата на Северна Македонија, попладнево пристигна во Белград на работниот состанок во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“.

– Јас пред сѐ доаѓам со порака дека регионалната соработка е апсолутно европска приказна, дека сакаме да продолжиме да ја продлабочуваме. Додаваме еден важен сегмент утре – како дигитализацијата може да ни помогне за да ја забрзаме и продлабочиме регионалната соработка, изјави Димитров при пристигнувањето во Белград.

Доаѓам во момент, додаде Димитров, кога како што знаете, во нашата Македонија, во Северна Македонија завршија локални избори, има извесни политички предизвици, а и политичка криза на некој начин.

– Важно е да дадеме сигнал дека како Влада, како држава, сме целосно посветени на оваа иницијатива што се роди на Балканот и чија што цел првенствено е европски Балкан, истакна Димитров.

Како што соопшти СЕП, предвидени се лидерски средби со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама, како и со претставници на компаниите од трите земји кои учествуваат во оваа платформа за унапредување на регионалната соработка во контекст на европската интеграција.

Утре со почеток во 11:30 часот ќе се одржи прес-конференција што ќе биде пренесувана во живо на линкот: www.tanjug.rs.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јованиќ: ВБА бараат мигрант за кој постои сомневање дека го постави експлозивот во близина на гасовод во Кањижа

Горан Наумовски

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Над 40 тони необележани јајца од Србија уништени на Дрисла

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

Уапсен стружанец кој прегази пешак во Србија, бегал 320 километри

Катерина Ѓуровски

Јовиќ: Србија прими 30 пациенти по пожарот во Кочани, 17 беа лекувани во Клиниката за пластична хирургија и за наша среќа сите преживеаја

Катерина Ѓуровски