Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров синоќа на твитер и на својот фејсбук профил напиша дека никој од соговорниците со кои досега имал средби, не побарал Македонија да стане земја дестинација за бегалци.
– Имав стотини средби од 1 јуни наваму. Ниту еден, ниту еден соговорник нема побарано Македонија да стане земја дестинација за бегалци. Факт, гласи твитот и постот на Димитров.
Министерот додава дека потребата да се шири страв потекнува од сопствениот страв – од одговорност.
Имав стотини средби од 1 јуни наваму. Ниту еден, НИТУ ЕДЕН соговорник нема побарано Македонија да стане земја дестинација за бегалци. #факт
— Никола Димитров (@NDimitrovMK) August 24, 2017