Димитров најави инвестиции, поддршка и развој на спортот во Виница

Од:

Кандидатот за градоначалник на Општина Виница од СДСМ и Коалицијата, Ивица Димитров денеска најави инвестиции, поддршка и развој на спортот во општината.

– Како нова локална власт ќе посветиме големо внимание на спортот и спортските активности, со особен акцент на училишниот спорт. Планираме нови две спортски сали во основните училишта во Виница, делумна реконструкција на спортската сала „Капетан Кирчо Димитриев”, поддршка на сите спортски клубови во Виница, реновирање на тениските игралишта покрај гимназијата, изградба и реконструкција на спортски терени во населените места надвор од градот, отворање секции по корективна гимнастика за правилен развој на младите, рече Димитров.

Младите, како што истакна, се најважен дел во визијата на СДСМ за подобра Виница.

– Затоа активно ќе работиме на нивно задржување и интегрирање во нашата општина. Сите заедно да се обединиме околу идејата за создавање заедница на успешни и среќни граѓани, рече Димитров.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори