Димитров на средба со амбасадорката Холштајн: Привилегија е што ја имаме Германија за пријател

Од:

Заменик-претседателот на Владата Никола Димитров денеска оствари работна средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Анке Гизеле Холштајн, прва по преземањето на новата функција потпретседател на Владата задолжен за европски прашања.

Во фокусот на разговорот беше заедничкиот стремеж за влез во следната фаза од евроинтегративниот процес – одржување на првата меѓувладина конференција за формално отпочнување на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија и тоа за време на германското претседателство со Советот на ЕУ.

„Блиску сме до целта, која што всушност ќе претставува почеток на најважното европско патување за нашата земја. Привилегија е што ја имаме Германија за пријател кој што ќе ни помогне да ја преминеме линијата на заедничкиот успех – првата меѓувладина конференција со историски предзнак,“ рече Димитров.

Амбасадорката Холштајн на Димитров му посака успех во новите предизвици кои што ја носат новата функција, потенцирајќи ги неговите заслуги за постигнувањата на Северна Македонија како на европскиот, така и на евроатлантскиот пат и истакна: „На агендата на германското претседателство во однос на вашата земја има конкретна цел – успехот кој што несомнено го заслуживте со напорната работа на европскиот пат, да биде заокружен оваа година.“ Таа додаде дека токму по одржувањето на меѓувладината конференција следуваат предизвиците: „Или како што вели германската изрека – тешкото започнува на рамно (Die Mühen der Ebene)”.

Би можело да ве интересира

Димитров: Употребата на терминот „северномакедонци“ е навреда за Македонците

Димитров: Ние Бугари нема да станеме, ама нема ни во ЕУ да се зачлениме

Горан Наумовски

Димитров: Голема лага е тврдењето дека билатералниот протокол не е поврзан со рамката

Си нашол бугарска верзија за да мафташ – Димитров му врати на Османи

Анита Петровска Рајковиќ

Димитров: Ѓаволот е во деталите, ЕУ не смее да го поддржи наративот на Путин што го користи Бугарија за да и овозможи кандидатура на Украина

Димитров до Ковачевски: Не е точно дека ЕУ ја оправдува уцената на Бугарија, не сте внимателен

Ана Ололовска