А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Димитров на состанок со ЕУ амбасадорите за отворање на преговорите и справувањето со Ковид-19

by А1он24/06/2020 - 12:3924/06/2020 - 12:47222
Share0

Преговорите со ЕУ се огромна шанса да создадеме европски услови за живот и работа за македонските граѓани. Уверени сме дека во втората половина на годината нашите тимови ќе започнат со конкретната работа врз поглавјата, односно кластерите на законодавството на ЕУ, како што е според новата методологија за водење на преговорите, порача министерот за надворешни рабиоти, Никола Димитров, на денешниот видеосостанок со амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Северна Македонија.

Следете a1on на Instagram Instagram

На видеосостанокот учествуваа и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, ЕУ-амбасадорот Самуел Жбогар, а се одржа на иницијатива на хрватската амбасада во Северна Македонија во својство на хрватското претседателство со Советот на ЕУ. Повод на состанокот беше одбележувањето на крајот на шестмесечното претседавање на Хрватска со Советот на ЕУ, како и редовна размена на мислења и информации за пристапниот процес на Северна Македонија. Се зборуваше и за најновите случувања во ЕУ и на домашен план, како и за предизвиците со кои се соочуваат земјите од ЕУ и регионот на Западен Балкан во справувањето со  пандемијата на Ковид-19, соопшти МНР.

На состанокот со амбасадорите на ЕУ се разменети мислења околу состојбата со коронавирусот на европскиот континент.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Изразивме надеж дека започнатото единство и солидарност во справувањето со оваа закана помеѓу ЕУ и регионот на Западен Балкан ќе продолжи и понатаму со уште поголем интензитет и координација, особено во претстојниот период кога полека ќе почнат да се отвораат границите за слободно патување на нашите граѓани и ќе биде потребно да се обезбеди економско закрепнување за нашите компании, вели министерот Димитров.

Тој се заблагодари за силната поддршка на Хрватска за европската перспектива на земјата, истакнувајќи дека токму во нејзиното претседателство со Советот со ЕУ се донесоа важни одлуки за политиката на проширување на ЕУ, а особено одлуката за Северна Македонија за почеток на пристапните преговори.

– Хрватското претседателство во мошне тешки околности и големи предизвици успеа да ја одржи политиката за проширување високо на агендата на ЕУ и тоа е големо постигнување, истакна Димитров.

На средбата е реафирмирана и посветеноста на Северна Македонија кон продолжување со европскиот курс, реформските процеси и унапредување на добрососедските односи. Северна Македонија е подготвена и со нетрпение го очекува усвојувањето на преговарачката рамка и закажувањето на првата меѓувладина конференција што ќе означи конкретен почеток на преговорите, се наведува во соопштението од МНР.

mnr

Би можело да ве интересира

Oсудa за опожарувањето на возилата во сопственост на Амбасадата на Бугарија

Предраг Петровиќ15/06/2026 - 16:03

МНР на бугарскиот амбасадор Радуков му упати усен демарш поради употреба на терминот „северно-македонски“

Горан Наумовски12/05/2026 - 17:0412/05/2026 - 17:17

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски08/03/2026 - 08:4108/03/2026 - 08:41

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

Горан Наумовски05/03/2026 - 09:43

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:2704/03/2026 - 14:28

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

Горан Наумовски04/03/2026 - 12:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео