А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Димитров на состанок на Основната група на Минхенската безбедносна конференција во Минск

by А1он30/10/2018 - 10:42138
Share0

Министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе учествува на „Состанокот на Основната група на Минхенската безбедносна конференција“, што се одржува од денеска до четврток во Минск.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Предвидено е министерот Димитров да има излагање на тематските панели посветени на односите Исток-Запад, транснационалните закани и регионалните безбедносни предизвици, соопшти македонското Министерство за надворешни работи.

Состанокот е организиран во партнерство со Владата на Белорусија и ќе обезбеди неутрална платформа за политичка дебата. Околу 70 лидери ќе разговараат за безбедносните предизвици во Источна Европа и евроатлантскиот регион. Учесниците на состанокот ќе расправаат за сегашните изгледи на Минск процесот за ставање крај на конфликтот во источна Украина, иднината на односите меѓу Исток и Запад, ерозијата на конвенционалните договори за контрола на нуклеарното оружје во евроатлантскиот простор, сегашната состојба на регионалните конфликти, како и за одржливоста на економскиот модел на Источна Европа.

Настанот обединува истакнати учесници на највисоко ниво од повеќе региони во светот, вклучително и високи претставници од ЕУ, ОБСЕ и НАТО.

Следете a1on на Youtube YouTube

На маргините на настанот, министерот Димитров се предвидува да оствари и повеќе билатерални средби.

mnr

Би можело да ве интересира

Oсудa за опожарувањето на возилата во сопственост на Амбасадата на Бугарија

Предраг Петровиќ15/06/2026 - 16:03

МНР на бугарскиот амбасадор Радуков му упати усен демарш поради употреба на терминот „северно-македонски“

Горан Наумовски12/05/2026 - 17:0412/05/2026 - 17:17

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски08/03/2026 - 08:4108/03/2026 - 08:41

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

Горан Наумовски05/03/2026 - 09:43

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:2704/03/2026 - 14:28

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

Горан Наумовски04/03/2026 - 12:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео