Димитров на проштална средба со словенечкиот амбасадор Јазбец

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска оствари проштална средба со словенечкиот амбасадор во заминување Милан Јазбец, на која беше изразено задоволство од досегашниот развој на односите и соработката меѓу двете земји.

-Личниот ангажман и поддршката на Словенија на нашиот пат кон НАТО и ЕУ, е доказ за искрено пријателство меѓу двете држави. Пријателство потврдено со дела на кое најдобро што може да одговориме е со конзистентна заемна соработка и негување на одличните пријателски врски, рече Димитров.

Како што соопшти МНР, соговорниците разговараа за актуелните внатрешно-политички состојби во двете земји, со акцент на активностите на владите за справување со пандемијата и во овој контекст, напорите за намалување на социо-економските последици.

Притоа, тие констатирале дека и на наредната влада на Северна Македонија, примарна водилка треба да биде евроинтегративниот курс и реформски начела кои истиот ги подразбира, во функција на натамошен демократски и економски развој на државата и нејзина целосна интеграција во ЕУ.

Министерот Димитров го поздрави силниот и активен ангажман на амбасадорот Јазбец во земјава и воедно му врачи благодарница за неговата посветеност при промовирање на словенечко-македонското пријателство, билатералните односи и тесната соработка и партнерство, посакувајќи му успех во понатамошните ангажмани.

Би можело да ве интересира

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

МНР ќе бара објаснување од Србија зошто е протерана македонска државјанка од Белград

Горан Наумовски