Димитров и Спасовски во посета на Париз

Од:

Министрите за надворешни и за внатрешни работи, Никола Димитров и Оливер Спасовски, од денеска престојуваат во дводневна работна посета на Париз, на покана од францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан.

За време на посетата, информираат од МНР, министрите ќе учествуваат на состанокот на високо ниво на француско-германската иницијатива за борба против недозволена трговија со лесно оружје во земјите од Западен Балкан, кој е предвидено да биде воден од страна на францускиот министер за надоврешни работи Ле Дриан и неговиот германски колега Хајко Мас.

Во рамки на работната посета на Париз, предвидени се и други работни активности и средби на министерот Димитров, меѓу кои и средби со претставници на извршната и парламентарната власт на Француската Република, како и обраќање во Фондацијата „Роберт Шуман“.

Би можело да ве интересира

Франција e погодена од силен земјотрес

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Макрон: Франција не води војна на Блискиот Исток

Британија, Франција и Германија: Може да преземеме неопходни одбранбени мерки против Иран

Ле Пен: Крајната левица сака да го наруши демократскиот систем

Автомобил „рено 5“ од 1982 година пронајден по 43 години, со само 12 поминати километри

А1он