Димитров: Голем дел од македонските превозници ја поминаа италијанско-словенечката граница

Од:

Шефот на дипломатијата Никола Димитров вечерва преку Фејсбук статус информираше дека голем дел од македонските превозници ја поминале италијанско-словенечката граница.

-Долг ден ама вредеше. Голем дел од македонските превозници ја поминаа италијанско-словенечката граница, со обезбедена траса преку Хрватска и Србија, напиша Димитров.

-Граѓаните што денот го поминаа на Бајаково/Батровци на хрватската страна, влегуваат во Србија. Исто така, голема група македонски државјани кои чекаа на преминот Хоргош во Унгарија почнаа да влегуваат во Србија. Ве чекаме дома!, напиша министерот за надворешни работи на својот Фејсбук профил.

Би можело да ве интересира

Бочварски: Обезбедуваме брза лента за издавање на патни документи за професионалните возачи

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Бизнис во Гази Баба: Превозници им наплаќаат на граѓани по 4.000 денари за кабаст отпад, а го расфрлаат на улица, наместо на Вардариште

Орце Костов

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска