(ВИДЕО) Димитров до ДПМНЕ: Ме доведувате во ситуација да се бранам поради тоа што ги подобрувам односите кои вие ги расипавте

Од:

Додека сум ја министер за надворешни работи Република Македонија ќе води зрела надворешна политика, нема да бега од проблеми туку ќе ги решава. Мојата задача е да извлечам максимум во рамките на дадените околности. За 100 дена меѓународниот рејтинг на земјата е драстично подобрен напомена во своето излагање министерот за надворешни работи Никола Димитров на денешната седница по точката за поднесената интерпелација од страна на опозицијата.

-Ме доведувате во ситуација да се бранам поради успесите на Македонија во надворешната политика, поради тоа што ги поправам односите кои вие ги расипавте, јас сакам вие да сте задоволни, но доколку цената за тоа е неуспешна Македонија која нема пријатели и перспектива тогаш е подобро да не сте задоволни, рече Димитров.

Тој вели дека изненадува тоа што интерпелацијата е поднесена пред навршување на 100 дена од Влада поточно на 71 ден откако ја презеде функцијата министер за надворешни работи. Димитров претходно на 34 ден од неговото назначување на покана на претседателот за надворешна политика реферираше за работа на министерството во првите 30 дена.

-Ваквата возбуда кај подносителите е разбирлива бидејќи сепак после многу години стагнација и назадување вратите се отвараат и нешто ново и позитивно се случува за Република Македонија, нешто што конечно отвара нови можности и реални перспективи за една поинаква европска иднина.

За 100 дена во период на летни одмори остварив 27 посети во странство, бев во соседството, Германија, Австрија, Холандија Белгија, Шведска, Финска и Данска, се сретнав со колегите од Франција и Италија. За 100 дена имав средби со 37 министри за надворешни работи и над стотина други странски претставници, рече Димитров.

Министерот за надворешни работи изјави дека неговата лична идеологија е државниот интерес на Република и дека е овде само затоа што почувствувал дека Македонија оди во бездна.

Во врска со дискусијата за бегалците, Димитров смета дека е вештачки наметната од страна на опозицијата и дека со тоа само и се прави штета на Република Македонија како активен чинител и одговорен партнер во меѓународните односи. Тој потврди дека никој од Македонија нема побарано да стане дестинација за прием на мигранти.

Континуираните обиди за дефокусирање на јавноста ширење на вести кои создаваат чувство на неизвесност и страв меѓу граѓаните од мигрантите и бегалците мора да престане. Одговорно тврдам дека на средбите со странските преставници никој од Македонија нема побарано да стане дестинација за прием на мигранти и бегалци, вели Димитров.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Димитров: Лага е дека историските прашања не се во рамката, предлогот е апсолутно истиот

Ландов

Османи удри по Димитров: Ти прифати Илинденското востание да се преименува во Илинден-Преображение

Македонски дипломатски синдикат до Димитров: Пустошот што го остави тешко дека ќе можe да се поправи следните неколку години

Ана Ололовска

Милошоски: Неморално e Димитров сега да зборува за можен нов штетен договор со Бугарија

Ана Ололовска

Османи бара фер однос од Димитров: Да им ја обезбедиме европската иднина на граѓаните која предолго само им ја ветуваме

Ана Ололовска

Груби: Нема потреба од недоверба кон Османи и Владата, со Бугарија се преговара транспарентно

Ана Ололовска