Димитров: Да не дозволиме ВМРО да биде делегитимирано поради луѓе кои го изгубиле политичкиот компас

Од:

Поранешниот амбасадор на Македонија во САД и во Холандија и поранешен преговарач за името, Никола Димитров на својот профил на Фејсбук објави текст со наслов „Ново сонце на слободата“, со кој ги повикува членовите на ВМРО-ДПМНЕ да му кажат „не“ на раководството.

nikoladimitrovStatus

Ново Сонце на Слободата

ВМРО е преголем симбол за Македонија за да дозволиме да се претвори во срам за државата. Сите ние, граѓаните на Република Македонија сме ВМРО, во смисла на таа традиција. Јас, како и Владимир Лазаревик и Перо Димшоски, сме извршувале високи државни функции благодарение на довербата на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа чувствувам одговорност и нема да молчам во ова време невреме, кога државните институции се узурпирани, а македонската демократија крајно понижена. Кога нема ден без изјава од меѓународната заедница за загриженоста поради назадувањето на Македонија.

Нема да дозволиме ВМРО, врз која заедно со АСНОМ почиваат темелите на Република Македонија, да биде историски делегитимирано, поради група луѓе кои го изгубиле политичкиот компас. Луѓе кои знаат каде е штабот на ВМРО-ДПМНЕ, ама заборавиле кои се идеалите и вредностите на ВМРО. Јас не сум чест гостин во штабот, ама знам дека кога МВР ќе стане штаб на партијата, се укинува државата.

Ги повикуваме сите граѓани:

– да им ја вратиме ВМРО на граѓаните, на сите граѓани;

– да ја посочиме и да инсистираме на политичка одговорност, лична политичка одговорност;

– конечно да изградиме силни институции, и да застанеме заедно против “силни” лидери;

– да се заложиме за враќање на политичкиот дијалог во парламентот; покрај враќањето на опозицијата, тука посебна историска одговорност ќе има пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ;

– да се вратиме на темелните вредности на Уставот и враќање на институциите во рацете на граѓаните;

– да се обединиме околу систем што ќе им даде еднаква шанса на сите, независно од која партија се;

– за враќање на довербата, на човечкото достоинство и на перспективата во татковината;

– за целосен пораз на стравот, за целосно искоренување на криминалот;

– за пречистување на политичката мисла;

– за целосна слобода на медиумите и за безрезервна поддршка на критичната мисла;

– за целосен пораз на глупоста.

Го повикуваме членовите, симпатизерите и поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, да исправат глава и да се одважат да кажат не. Товарот на сегашното раководство и одговорноста за нивните постапки, мора да го сноси сегашното раководство. Ние сме должни да го превземеме нанесениот срам врз државата и врз партијата и да разговараме со опозицијата со чиста совест, напиша Димитров.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Пожарите околу Скопје беа органзирана акција

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Катерина Ѓуровски

Мицевски: Кандидати на СДС за градоначалници се фатени во непотизам, криминал и корупција, од купување на гласови до вработување на сопруги

Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ – граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира

ВМРО-ДПМНЕ денеска треба да го соопшти кандидатот за градоначалник на Скопје