А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Димитров: Членството во НАТО е гаранција за македонските граници

by А1он05/12/2018 - 13:45173
Share0

Министерот за надворешни работи Никола Димитров по средбите во НАТО Алијансата порача дека се очекува Македонија да стане полноправна членка на пролет 2020 и дека членството ќе значи гаранција за нејзините сегашни граници.

Добивај вести на вибер

-Од 1993 кажавме дека сакаме да бидеме дел од НАТО, со првата декларација од Собранието на РМ, требаше да влеземе во 2008. Поминаа 10 години. Конечно го отстранивме проблемот и ја надминуваме разликата со Грција околу името, и тоа е важно за Македонија, за Алијансата и за регионот, изјави Димитров.

За нас членството во НАТО значи дека Македонсија е тука да остане, во овие граници, додаде министерот.

Тој денеска учествуваше на сесијата на НАТО за мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан во рамките на која Македонија испраќа свои сили. Министерот информираше дека остварил девет билатерални средби со земји членки на Алијансата на маргините на дводневниот министерски состанок. Меѓу нив се Франција, Унгарија, Грција, Норвешка, Литванија и други.

Претпладнето земјите членки на НАТО, во присуство на високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини, одржаа состанок посветен на Западниот Балкан, на кој станало збор за Македонија, но и за Србија, Босна и Херцеговина и Косово.

Македонија, според дипломатите во НАТО, е „успешната приказна“ во регионот, и доколку процесот околу Преспанскиот договор се одвива непречено, се очекува земјата да стане триесетта членка на Алијансата во 2020.

– Планот е штом процесот кај нас заврши, да се финализира пристапниот протокол, кој заедно со Договорот од Преспа ќе оди на ратификација во парламентот во Атина. Потоа зависи од останатите парламенти од другите земји членки кога ќе се формализира нашето членство, тоа најверојатно ќе се заклучи некаде напролет 2020, изјави Димитров, охрабрен, како што рече, од средбите во НАТО.

На новинарско прашање за можни сомнежи на земјите членки за состојбата со владеењето на правото во земјата, министерот за надворешни ги отфрли овие критики.

– Доверба во владеењето на правото во Македонија, е порака што ја добивам од повеќе главни градови последниве недели, така што во таа смисла тука немаме проблем, вели шефот на македонската дипломатија.

Димитров изјави дека пораката на литванскиот министер била дека „многу долго чекавте, не се работи за симпатии, членството ви е одработено и заработено, ги исполнувате критериумите, го споделувате товарот“.

Слични пораки министерот добил од другите европски престолнини.

Димитров попладнево заминува на средби во Европската Унија, со еврокомесарот Јоханес Хан и високата претставничка Федерика Могерини.

mnrnato

Би можело да ве интересира

Трамп ги нарече сојузниците на НАТО кукавици: Се жалат на цените на нафтата, но не сакаат да помогнат

Предраг Петровиќ20/03/2026 - 17:4120/03/2026 - 21:15

Захарова: НАТО е заинтересиран само за едно нешто – да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија

Горан Наумовски18/03/2026 - 12:49

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски08/03/2026 - 08:4108/03/2026 - 08:41

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

Горан Наумовски05/03/2026 - 09:43

Руте: Членките на НАТО ја поддржуваат војната на Трамп против Иран

Горан Наумовски05/03/2026 - 07:23

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:2704/03/2026 - 14:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто