Димитров: Членството во ЕУ останува клучен приоритет, тоа е во интерес на граѓаните и земјите од регионот

Од:

Министерот за надворешени работи на Република Македонија, Никола Димитров, денеска беше домаќин на традиционалниот Новогодишен и Божиќен прием за Дипломатскиот кор во Република Македонија. На приемот, свое обраќање имаше и доајенот на Дипломатскиот кор во Република Македонија, амбасадорот на Руската федерација, Олег Николаевич Шчербак.

Во своето обраќање, МНР Димитров се осврна на клучните настани и надворешно политички активности во изминатата 2017-та година, како во земјата, така и во регионот и пошироко.

Истакнувајќи ги стратешките приоритети на Република Македонија, МНР Димитров ги реафирмираше целите кои ќе бидат главен фокус и во 2018-та година: „Членството во Европската унија останува клучен приоритет на нашата надворешна политика. Искрено се надеваме дека нашата политичка волја и реформска ориентираност, заедно со поддршката на нашите пријатели и партнери, ќе ни донесе безусловна препорака за почеток на пристапните преговори, следната пролет. Ова е пред се’ во интерес на нашите граѓани, но исто така и во интерес на земјите од регионот и пошироко“ – рече Димитров.

Во тој контекст беше нагласена и детерминираноста на Република Македонија за евро-атлантска интеграција, но и за поголем придонес на мултилатерален план на кој Република Македонија прави значајни чекори преку неодамнешната ратификација на Парискиот климатски договор и онаа на Советот на Европа (Истанбулската конвенција за превенција и борба против насилството врз жената и семејното насилство), чие ратификување се очекува наскоро.

Министерот им ги честиташе новогодишните празници на присутните, потсетувајќи ги дека „во овие празнични денови, покрај подароците и убавите желби, на своите пријатели и најблиски надвор од земјава да им ја подарат и приказната за земјата која успеа од криза да создаде можност“.

Доајенот на Дипломатскиот кор во Република Македонија, амбасадорот на Руската Федерација, Олег Николаевич Шчербак, во име на сите членови на Дипломатскиот кор се заблагодари на МНР Димитров за организираниот прием, за честитките за новогодишните празници и ја истакна добрата и продуктивна атмосфера во соработката на Дипломатскиот кор како со Министерството за надворешни работи, така и со сите други државни институции.

Би можело да ве интересира

Димитров: Лага е дека историските прашања не се во рамката, предлогот е апсолутно истиот

Ландов

Османи удри по Димитров: Ти прифати Илинденското востание да се преименува во Илинден-Преображение

Македонски дипломатски синдикат до Димитров: Пустошот што го остави тешко дека ќе можe да се поправи следните неколку години

Ана Ололовска

Милошоски: Неморално e Димитров сега да зборува за можен нов штетен договор со Бугарија

Ана Ололовска

Османи бара фер однос од Димитров: Да им ја обезбедиме европската иднина на граѓаните која предолго само им ја ветуваме

Ана Ололовска

Груби: Нема потреба од недоверба кон Османи и Владата, со Бугарија се преговара транспарентно

Ана Ололовска