Димитров – Андрикиене: Новата влада ќе се посвети на продолжување на реформите и надминување на слабостите на изборниот процес

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска оствари завршна средба со Лаима Андрикиене, шеф на Специјалната изборна оценска мисија на ОБСЕ/ОДИХР за набљудување на предвремените парламентари избори на 15 јули , со цел размена на мислења за изборниот процес и изборниот ден, а согласно првичните наоди на мисијата.

Како што соопшти МНР, Димитров изрази благодарност до ОДИХР за успешно спроведената набљудувачка мисија за предвремените парламентарни избори, реализирана во услови на пандемија, како дополнителна вредност на севкупниот изборен процес.

-Успешно спроведените избори даваат можност за формирање политичка влада во текот на летото, којашто ќе се посвети на продолжување на клучните реформски процеси во државата, вклучително и надминување на слабостите на изборниот процес и неговата законска регулатива, согласно препораките на ОДИХР. И покрај отежнатите околности од пандемијата, граѓаните имаа можност врз основа на компетитивна кампања на политичките партии и слободните медиуми да донесат информирани одлуки и да ја изразат својата волја на демократски начин, истакна Димитров.

Тој, како што се наведува, потенцираше дека изборите беа организирани во согласност со европските стандарди и препораките од здравствените власти за заштита на здравјето на граѓаните, како основен прерогатив на Владата.

-Шефот на набљудувачката мисија, Андрикиене, истакна дека изборите беа спроведени на ефикасен начин, земајќи ги предвид меѓународните стандарди и здравствените протоколи. Таа ги пренесе главните точки на прелиминарните наоди на Мисијата, како и очекувањата да продолжат реформите за подобрување на изборното законодавство и зајакнување на капацитетите на изборните органи, стои во соопштението од МНР.

Би можело да ве интересира

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов

МНР го осуди нападот врз цивилите во Газа: Ова е кршење на меѓународното право

Орце Костов