Димитров: 86.000 Македонци досега извадиле бугарски пасош

Од:

Божидар Димитров за бугарскиот дневен весник „Стандард“открива дека досега 86.000 Македонци добиле бугарски пасоши.

„Кон бугарското државјанство има огромен интерес во Македонија. Досега 86 000 добиле бугарски пасоши, што е речиси 10% од словенското население во земјата. Овој интерес продолжува и сега, што паѓа тезата на македонската пропаганда дека сакале наше државјанство само за да патуваат на Запад. Пред 2 година ЕУ ги укина визите за Македонија, но тоа не се случи – интересот за бугарскиот пасош продолжува да е исклучително голем. Властите во Скопје се обидуваат да го запрат овој процес, кој би можел да ги стави во смешна ситуација – да управуваат народ во кој секој жител од словенско потекло да е и бугарски државјанин. Затоа нивната влада презема репресивни дејствија кои не знам на каков закон се засноваат – посредници за добивање на бугарско државјанство има 20 години. Ова се прави за да се олеснат луѓето и да не се трупаат во редици. Не може да се спречи еден македонски државјанин да заврши работа на друг, ако има заверено полномошно“, вели Димитров.

Би можело да ве интересира

Од земјите во ЕУ горивото најмногу поскапи во Бугарија – 34,5 отсто

А1он

Експлозија во складиште за оружје во Бугарија – нема повредени

А1он

Уапсени две Бугарки во Крагуевац – крадеа паричници

А1он

Вонредна состојба во југозападна Бугарија: Поројни дождови ги поплавија населбите

(ВИДЕО) Иран: Немаме проблем со Бугарите, но имаме право да го нападнеме изворот на агресијата против нас

Крум Ефремов ќе биде македонски амбасадор во Софија

Катерина Ѓуровски