Димитров: 35 години празни ветувања – Доста е, од нас зависи!

Од:

И жителите на Карпош ја препознаа Левица како сила која не должи ништо на бизнис-структури и тајкуни, туку исклучиво на народот. Поддршката расте, што се покажа на народната средба на која присуствуваа лидерот на Левица, Димитар Апасиев, кандидатот за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ и носителката на листа за советници на Скопје, Катерина Јовановска.

На средбата со граѓани во Карпош, кандидатот за градоначалник, Антонио Димитров и носителот на советничката листа, Славко Митевски, ја истакнаа неопходноста од враќање на општината во рацете на граѓаните и спречување на натамошното бетонирање и уништување на јавниот простор.

„Стигнавме до уште едни локални избори. И повторно ги ветуваме истите работи. Канализации, водоводи, паркови, детски градинки. Зошто? Затоа што тоа не било направено пред четири години. Ни пред осум. Ни пред дванаесет. Истиот човек се кандидира за петти мандат, и повторно ништо од овие ветувања не е направено. Гледајте ги дебатите, споредете ги програмите. Истите вертувања 15 години“, истакна Димитров.

Според него Карпош е урбана општина и има огромен потенцијал. И културен и спортски и за млади и за постари. Го има Водно, го има Зајчев рид, го има Аквадуктор, го има Скупи, скејтпарк, карпата, аквапаркот, салата Партизан. И ништо од тој потенцијал не е искоритено.

„Истите ликови не малтретираат 35 години. Истата партија. СДСМ – ДПМНЕ со нивните привезоци, ГРОМ, ДОМ, ЗНАМ, што ти ја знам… 35 години поминаа од нашите животи. Ќе поминат 35 и на нашите деца, гледајќи ги истите фаци, слушајќи ги истите ветувања“, вели Димитров.

Носителот на листа за советници, Славко Митевски, ја претстави програмата и кажа дека на карпошани им треба зеленило, паркови, игралишта, воздух, хигиена, мир и сигурност, а не Карпош да се претвара во втор Менхетн, со бетонизација и облакодери. Митевски се задржа и на проблемите со иселување на младите, урбанизмот и паркинг просторот.

„Планираме да ги задржиме младите карпошани не со тоа што ќе им нудиме крадити и ќе ги стимулираме градежниците да градат уште повеќе туку ќе градиме општински станови кои ќе ги доделуваме на млади брачни парови со симболична кирија. Со тоа ќе влијаеме на цените на становите и на кириите за да се спуштат на некое пристојно ниво. Во делот на Урбанизмот ќе бараме ревизија на сите дупови и нема да дозволиме заграда повисока од четири спрата од едноставна причина што жителите на Карпош немаат таква потреба“, истакан Митевски.

На крајот од своето обраќање Митевски рече дека сигурно и други партии и листи ветуваат слични програми, но дека има едно нешто што Левица ја разликува од останатите – „Ние ќе го оствариме и тоа што тие го ветуваат“, кажа тој, а Димитров додаде: „Доста е! Сега имаме опција. Од нас зависи“.

Би можело да ве интересира

Мојсоска: Ја срушија куќата на Малески, а една година „не можат” да ја рушат дивоградбата во струшката чаршија

А1он

Апасиев: Ако не гласаш немој ни да плачеш – толку е просто!

Горан Наумовски

Левица – Аеродром најавува изградба на ново општинско јадро во просторот кај старата касарна

Горан Наумовски

Димитриев: Аеродром мора да се развива, не само да се гради

Горан Наумовски

Пинтоска: Оваа депонија е струшкиот Чернобил

Михајловски: Очекуваме поголем број на советници кои ќе го направат Штип подобро место за живеење