Димитриевски во Јегуновце: Заедно со граѓаните сакаме да ги направиме промените во Македонија

Од:

Караванот на Максим Димитриевски, кандидатот за Претседател на Македонија од Движење ЗНАМ – За наша Македонија, денеска беше во посета на полошкиот регион. Најнапред се задржа во Јегуновце.

Тој пред насобраните граѓани рече дека Претседателот за да биде реален заштитник на граѓаните и нивните интереси мора да излезе од граѓаните. Во спротивно е послушник на оној политички субјект кој го кандидира. Димитриевски зборувајќи за состојбите во државата потенцира:

„За мене уставните предлози за уставните измени во делот на менување на процентите за употреба на јазиците и дополнително уставни измени за трансформација на Македонија во држава којашто ќе биде на граѓаните, а не на македонскиот народ и останатите етнички заедници е неприфатлива.

Затоа што со тој предлог некој свесно сака да не втурне во процес кој се нарекува, на долгорочен план, редефинирање на суштината на државата и редефинирање на државното уредување. Македонија единствено е Република и таква мора да остане. Уште од Крушево, преку АСНОМ, тоа со печат и потпис на нашите револуционери е потврдено“.

Димитриевски рече дека според него со сите уставни измени кое се направени досега Рамковниот договор во целост е исполнет. Но, за жал, додаде тој, во општеството се создава една голема фрустрација, особено кај македонскиот народ и македонските граѓани и истите сметаат дека се случува невидена албанизација на Македонија и продолжи:

„Значи во Македонија не се случува албанизација. Во Македонија се случува класична дуизација. Тие во текот на 20 години непрекинато се на власт, додека останатите политички субјекти се менуваат и ним им служат. За жал Македонија се трансформираше во приватна држава. Тоа може да се смени по пат на избори. Македонскиот народ и македонските граѓани мора да се одважат, како што вие се одваживте денеска и излеговте во
нескромен број на овој собир и да им кажеме дека е доста“.

Димитриевски на крајот порача:

„Кога сте еден сте сам. Кога сте двајца тоа е веќе множина. Само единствено пат на математичка прогресија е до мнозинството. А ние тоа ќе го направиме на овие избори“.
Во текот на денот карванот на Димитриевски ќе ги посети Теарце, Брвеница и Тетово.

Би можело да ве интересира

Димитриевски: Очекувам денеска да победи демократијата, Македонија многу пати знаела во клучни моменти да одлучи

Горан Наумовски

Димитриевски: До овој момент немаме разговори за можни коалиции со било кој политички субјект

Димитриевски: Каде беше Ковачевски додека режимот на Груевски ја газеше Македонија

Катерина Ѓуровски

Димитриевски во Тетово: Ја бараме поддршката на граѓаните за работите во Македонија да не бидат како досега

А1он

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Димитриевски од Пелинце: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

А1он