Димитриевски вети водоснабдување, изградба на градинки, нови сообраќајни решенија

Од:

Кандидатот за градоначалник од СДСМ за Куманово, Максим Димитриевски и носителот на листата, заедно со кандидатите за советници, денеска на градскиот плоштад одржаа прес-конфереција, на која Димитриевски презентираше дел од капиталните проекти опфатени во програмата.

Во следниот четиригодишен мандат Димитриевски најави, решавање на проблемот со водоснабдувањето со изградба на цевковод, во должина од 18,6 километри до Липковска брана со пречник од фи 600, со што рече, ќе се обезбедат нови 500 литри вода во секунда.

– Втор капитален проект кој што планираме да го реализираме, со кој ќе ставиме крај на маката на родителите, бидејќи во Куманово над 650 деца чекаат за упис во градинка, ќе изградиме најмалку две детски градинки, а постоечките ќе ги реновираме, рече Димитриевски.

Тој вети и решавање на проблемот со сообраќајниот метеж, со подготовка на нов сообраќаен план, трансфомација на булеварите, кружни токови и изградба на нови катни гаражи на повеќе локации.

– Воедно, ја користам приликата да ве информирам дека денеска, Коалицијата, предводена од СДСМ, на градскиот плоштад со почеток во 20 часот, ќе одржи митинг на кој ќе се претстават кандидатите за советници, од листата за „Живот во Македонија“, кандидатот за градоначалник, а воедно свое обраќање ќе има и премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, рече Димитриевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе бидат апсолутни победници на локалните избори, вели Мицкоски

Во Албанија изборен молк пред делумните локални избори

А1он

Поткуп од 1500 денари за глас во Кочани

А1он

Илиевски: Итна и целосна гасификација на сите домаќинства и индустриски капацитети во Куманово

А1он

(ВИДЕО) Шилегов: Скопје станува европска метропола каде луѓето се важни

А1он

Шилегов: Реконструиравме 40 градски улици и изградивме четири нови булевари во Скопје

А1он