Димитриевски вети изградба на детски градинки во кумановската населба „Вера Которка“

Од:

Кандидатот за градоначалник од СДСМ за Куманово, Максим Димитриевски на вечерашната средба со жителите од населбата „Вера Которка“ вети урбанизирана и услужна општина за сите граѓани и еднаков развој за сите. Истакна дека ќе креира проекти за иднината на кумановци и најави изградба на нов цевковод со што ќе се реши водоснабдувањето во Куманово.

– Да изградиме најмалку две детски градинки, во кои што ќе има место за сите деца, бидејќи, во најголема општина е жално да има 650 деца да чекаат за упис во градинка, рече Димитриевски.

Тој пред жителите на оваа населба додаде дека ќе бара поддршка од Владата за крупни, капитални инвестиции. Димитриевски потенцира дека ќе лобира кај централната власт да се изгради едно основно и средно училиште, бидејќи последното училиште е изградено 1983 година.

Вети дека заедно со претставниците на урбаните и руралните заедици ќе го формира буџетот, со што ќе се реализираат приоритетните проекти за секое населено место, со што рече ќе се обезбедат поубави услови за живеење на граѓаните.

Тој побара силна поддршка за себе и за советничката листа и носителот Атина Мургашанска.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски