Димитриевски: Собраните потписи се одговорност и обврска, граѓаните ја препознаваат различноста на ЗНАМ

Од:

Лидерот на партијата „За наша Македонија“ (ЗНАМ), Максим Димитриевски денеска заблагодарувајќи се за добиените 10 илјади потписи, потенцираше дека довербата која што ја добил од граѓаните не претставува момент за еуфорија, туку за одговорност и обврска. Тој испрати повик за фер натпревар на идеи и ставови во текот на изборната кампања.

Димитриевски додаде дека на барање на граѓаните, списоците ќе останат во општинските канцеларии на ДИК, потпишувањето да продолжи и во наредните денови.

-Десетте илјади потписи потребни за официјализирање на мојата кандидатура за учество на претстојните избори за претседател на државата се собрани. Се покажа дека граѓаните ја препознаваат различноста на ЗНАМ и на мене како кандидат за претседател, од оние што досега беа и се на политичката сцена, рече Димитриевски на прес-конференцијата.

Тој потенцира дека ЗНАМ е партија која е регистрирана пред два месеца, а довербата којашто ја добил од граѓаните со собрани над 10 000 потписи за само пет дена, не е момент за еуфорија, туку подразбира одговорност и обврска.

-Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на сите граѓани кои покажаа одважност, храброст, разбуденост и политички активизам и излегоа на пунктовите на ДИК ширум цела Македонија и го дадоа својот потпис за мојата кандидатура за
Претседател на Македонија. За мене поддршката од граѓаните претставува уште еден доказ дека сме на вистинскиот пат, рече Димитриевски.

Според него, ова е само уште една потврда дека граѓаните ја препознаваат визијата и мисијата на ЗНАМ.

Максимовски им честиташе на сите кандидати што веќе ја добиле поддршката од 10.000 граѓани за официјализирање на кандидатурата за претседател на државата, а на останатите им посака успех на нивниот пат кон целта.

Како што рече, претседателот на државата треба да биде татко на нацијата, чувар на уставниот поредок, еднакво да се грижи за сите граѓани, без разлика на нивната партиска, етничка и верска припадност.

-Претседателот треба да биде заштитник на основните придобивки на кои се темели македонската држава, а тоа се Илинден и АСНОМ. Сигурни сме дека ќе успееме, затоа што граѓаните се со нас. Продолжуваме понатаму, со уште посилна верба, со
голем ентузијазам, до конечна победа, рече претседателот на Движењето
ЗНАМ.

Запрашан каков е ставот на Движењето во однос на предлозите од партиите на Албанците Претседателот да се бира во Собранието, Димитриевски рече дека овој предлог е апсолутно неприфатлив.

-Институцијата Претседетел на државата својата сила ја црпи всушност од непосредниот избор на граѓаните. Според мене ова е само еден обид, од многуте до сега, во предизборните еуфории коишто ги креираат моноетничките политички субјекти и за мене како кандидат, а и за политичката партија е апсолутно неприфатлив, рече Димитриевски.

Би можело да ве интересира

Димитриевски од Кавадарци: Се роди нова политичка опција, никогаш повеќе во државата нештата нема да бидат исти

Максим Димитриевски во Кавадарци, Неготино и Прилеп

Горан Наумовски

Максим Димитриевски: Пендаровски, разликата е огромна, откажи се и остави не да победиме во вториот круг

Анита Петровска Рајковиќ

Димитриевски: Водевме нерамноправна битка, граѓаните препознаваат

Катерина Ѓуровски

Димитриевски денеска од Радовиш порача: Зелените од Европскиот фронт со скандирањето на УЧК во Скопје излегоа од јагнешките кожи и се прикажаа во вистинското светло

Предраг Петровиќ

Димитриевски од Битола: Политичарот не смее да биде над граѓанинот