Димитриевски: Продолжува работата на штабот и на Општина Куманово

Од:

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски се чувствува добро, во самоизолација и најави дека активностите ќе ги извршува онлајн. Што се однесува до општинскиот штаб, вели тој, назначени се двајца заменици кои ќе ги координираат активностите,  што значи дека ќе продолжат да се одвиваат сите активности како и досега, делење помош, поддршка за ранливи, за немоќни, дезинфекција…

-Ги замолувам граѓаните да ги почитуваат препораките, да оддржуваат дистанца, да се однесуваат дисциплинирано, само на тој начин ќе го победиме вирусот. Апелирам на смиреност, состојбата треба да се сфати сериозно и одговорно да се однесуваме, изјави Димитриевски.

Тој уште еднаш апелираше до граѓаните да користат маски и ракавици.

Димитриевски изјави дека од штабот заболени се пет членови, дополнително три лица од општинската администрација кои се придружни членови на штабот и три лица кои работат на дезинфекција.

-Сите се во изолација, рече Димитриевски и додаде дека во овој и наредниот период ќе се вршат епидемиолошки анекти за контакти на членовите. Веќе е назначен потписник за документите за работата на општината.

-Овластен потписник во мое отсуство на сите документи е  член на советот Владимир Павловски кој што во мое отсуство ќе ги потпишува сите документи. Секако и јас сум тука, бидејќи онлајн комуникацијата го овозможува тоа. Ќе ја сладам работата будно, континуирано, вели Димитриевски.

Тој им посака побрзо закрепнуавање на заболените сограѓани.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара оставка од Тошковски, вооружените инциденти покажуваат распад на безбедносниот систем

Горан Наумовски

ДУИ го осуди инцидентот во Куманово, бара МВР и Обвинителството да ги идентификува сторителите

Обвинителството за пукањето во Куманово: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент

Горан Наумовски

Во Куманово е ранет кандидатот за советник во Липково, Зекирија Шахини

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Создаваме чиста општина и ја менуваме еколошката слика на Куманово

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитриевски: Лабудовиќ во Центар ќе биде подобар градоначалник од мене