Димитриевски: Повторно насилство врз наша советничка од страна на советник од СДСМ, веднаш да престанете со недоличното однесување

Од:

Независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, преку соопштение ги осуди случаите од минатите два дена каде кандидати за советници биле нападнати од други кандидати за советници.

„Остро ги осудувам случаите во изминатите два дена каде двајца наши кандидати за советници се нападнати од кандидати за советници од редовите на СДСМ.

Завчера, физички беше нападнат нашиот кандидат за советник Реџеп Реџеповски од кандидатот за советник на СДСМ Самет Салиевски. Овој случај беше злоупотребен од нивна страна и дезинформираа дека наводно Реџеповски го нападнал Салиевски.

Вчера, повторно насилно однесување врз жена кандидат за советник од нашата граѓанска иницијатива. Во МВР пријавивме дека на кандидатот за советник Христина Алексовска на сила и е одземен пропаганден материјал од раце од страна на Момир Петрушевски кандидат за советник на СДСМ и истиот е демонстративно уништен“, вели Димитриевски.

Тој вели дека граѓаните на 17-ти октомври испратиле порака кого поддржуваат, а на 31-ви октомври повторно ќе го направат истото.

„До кога ќе се служите со недолично однесување? Граѓаните ја испратија пораката на 17-ти октомври кого поддржуваат, а во недела, на 31-ви октомври повторно ќе ги казнат оние кои сакаат да дојдат на власт со злоупотреби, притисоци, насилства и лажни обвинувања. Апелирам, ваквите девијантни однесувања да престанат! Недозволиво е насилство врз жени, врз членови на нашиот тим“, се наведува во соопштението на Димитриевски.

Би можело да ве интересира

Труење со храна на семинар во ресторан во Куманово, двајца хоспитализирани

Кривична против 11 кумановци – направија шема за увоз и регистрација на половни моторни возила по половина цена

А1он

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Максим Димитриевски даде отчет за сработеното: Куманово продолжува да се менува

Димитриевски: По одржувањето на седница на највисоките тела на Движењето ЗНАМ ќе биде соопштен ставот за кандидатите за градоначалници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Максим Димитриевски: ЗНАМ е движење на младите – тие се иднината на Македонија

Предраг Петровиќ