Димитриевски: Потписите беа собрани за неполни три часа, огромниот интерес ме изненади и мене

Од:

За неполни три часа сегашниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, ги собрал потребните потписи за независна градоначалничка кандидатура. За „А1он“ вели дека и за него големиот интерес од граѓаните да се потпишат, бил изненадување.

“Ме изненадија, пријатно. Навистина не очекував во олкав број да се појават, посебно поради тоа што ова не беше планирано ниту најавено. Утрово решивме ги дадовме документите околу 9 часот. Во 09.30 часот се потпишаа првите, а веќе во 12.15 ги имавме потребните потписи, околу 500. Потпишувањето продолжи па собравме и многу повеќе од потребниот број потписи“, вели градоначалникот Димитриевски.

Гласот дека ги дал документите за независна кандидатура вели дека се раширил преку социјалните мрежи и жителите на Куманово во групи почнале да доаѓаат.

„Посебно ме радува што за мојата независна кандидатура се потпишуваа и членови на СДСМ и членови на ВМРО, луѓе од сите етнички заедници, Македонски, Албанци, Срби, Роми, Турци оти Куманово е мултиетнички град. Имаше толку голем метеж што на моменти моравме да интервенираме за да воведеме ред, заради мерките за заштита од Ковид – 19“, рече градоначалникот Димитриевски.

Одлучил да не ја чека конечната одлука за кандидат за градоначалник на Куманово од неговата матична партија СДСМ, оти му станало јасно дека нема да ги почитуваат партиските анкети на кои тој бил на врвот оти, во двата наврата, кога се соопштуваа кандидати, Куманово беше изоставено.

„Јас не се откажувам од партијата, но дел од партиското раководство се откажа од мене. Ќе продолжам да размислувам социјалдемократски и да работам за доброто на граѓаните“, вели Димитриевски.

СДСМ, пак, денес, откако почна собирањето потписи за независната кандидатура на Димитриевски, преку соопштение се изјасни дека ќе ја даде најдобрата понуда за граѓаните на Куманово, а потегот на Димитриевски, од партијата сметаат дека го олеснува изборот.

„За СДСМ, интересот на граѓаните на Куманово бил и секогаш ќе биде пред интересот на Максим Димитриевски или бил чиј друг личен интерес“, соопштија од СДСМ.

Градоначалникот Димитриевски, пак, на ваквата забелешка одговори дека во четиригодишниот мандат, како што и со дела покажал, интересот на кумановчани му бил над се.

Би можело да ве интересира

На местата каде ЗНАМ ќе има свои кандидати за градоначалници, ВМРО-ДПМНЕ ќе не поддржи, вели Димитриевски

ВМРО-ДПМНЕ: Заев му издиктира на Филипче кадри кои ќе загубат на изборите, обременети со скандали и приказ на хаосот во СДС

СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници

Левица: Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243 милиони заради бизнис зделки?

(ВИДЕО) Мургашанска: Димитриевски ме тужи затоа што јавно го обелоденив неговиот криминал

Горан Наумовски

Од менувачница го следеа до дома, го удрија, па го ограбија – кривична за двајца кумановци

А1он