Димитриевски: Поддршка за модерно и урбано Куманово

Од:

Кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ и коалицијата Максим Димитриевски денеска најави изградба на цевковод Куманово-Липково, доизградба на гасификациска инфраструктура, катни гаражи и пешачки зони за решавање на сообраќајниот метеж.

– Со овие проекти Куманово ќе добие нови 500 литри вода во секунда, ќе се реши прашањето со сообраќајниот метеж во градот, ќе се дислоцира старата и ќе се изгради модерна депонија и фабрика за преработка на отпад. Децата кои сега се на листа на чекање ќе имаат можност да се запишат во нови градинки, рече Димитриевски на прес-конференција.

Тој најави реконструкција на градскиот плоштад, изградба на подземна улица, постигнување енергергетска ефикасност и осветлување во Куманово, целосна реконструкција на речните корита на реките во градот. Со изградбата на младинскиот центар, како што рече, ќе се даде можност младите да творат, а со отварањето на мултиетничките дневни центри децата од најрана возраст да се поврзат.

– Ја бараме поддршката од вас во следниот период, да го трансформираме Куманово во модерен и урбан град, град со визија, со просперитет, град кој ќе даде нови можности за сите, рече Димитриевски.

Нагласи дека е неопходна реконструкцијата на постоечките училишта, нови зелени површини и спортски терени, реконструкција на Спомен-костурницата… Потенцира дека на градскиот плоштад веќе нема да има тенди, а сообраќајниот метеж, како што рече, ќе се реши со одговорно однесување на секој граѓанин, но нема да има казни, туку опомени.

Би можело да ве интересира

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ